• НАЈДОБРИ ПОНУДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
  • КОМПЛЕТНИ ОСИГУРТИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
  • ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС И БЕСПРЕКОРНА УСЛУГА НА КЛИЕНТИТЕ
  • ПОДАРОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
  • БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ
  • РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО
 

БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ ВО ДОЖД И МАГЛА

БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ ВО ДОЖД И МАГЛА

Дали сте сигурни дека го владеете вашето возило и возите безбедно за време на дожд или магла?

Во случај на густа магла или дожд, следете ги следните совети.

Маглата значително го отежнува сообраќајот и ја намалува видливоста кај учесниците во истиот. Во случај на густа магла намалете ја брзината, вклучете ги магленките и возете внимателно. Доколку должината на вашето видно поле изнесува околу 50 метри, тогаш, брзината на движењето на возилото треба да е најмногу до 50км/ч.  Исто така, бидете особено претпазливи во деловите од патот каде што има работа на пат, бидејќи поради маглата, постои можност да не ги ги воочите сообраќајните знаци. Кога ќе се крене маглата исклучете ги магленките како не би ја попречиле видливоста на возилото пред вас или позади вас.

Кога има засилен дожд и кога е тешко да се видат другите возила, сообраќајните знаци и патот, намалете ја брзината. Доколку возите пребрзо, ќе ви треба повеќе време за запирање, или прилагодување на условите на патот. Покрај тоа, бавното возење може да ве спаси од случаен одрон на патот. Врнежливото време значи и поголема влажност на воздухот. Тоа може да предизвика замаглување на стаклата одвнатре. Не го вклучувајте внатрешното циркулирање на воздухот, тоа само дополнително ќе ги замагли стаклата. А доколку ве затекнат врнежи на град, најдобро е да застанете под подвожњак, на улица или во тунел и да чекате врнежите да се смират. Во вакви отежнати услови доста е важно да не возите премногу блиску до големите камиони или автобуси и да внимавајте на пешаците и велосипедистите.