
22 Мар ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИ
Глобалната недела на пари преку активности како: едукативни онлајн предавања, ТВ настапи, промовирање на корисни содржини и совети преку порталот за едукација, споделување на корисни и навремени информации за корисниците преку интернет страната и профилите на социјалните мрежи, промоција на добрите практики во доменот на финансиската едукација и финасиската инклузија, зголемување на свесноста на друштвата за осигурување и посредниците во осигурување за зголемување на активностите во насока на едуцирање и подетално информирање на клиентите за сите аспекти поврзани со осигурителните производи и услуги и поголема заштита на осигурениците.
Овогодинешната тема на Кампањата е Take care of yourself, take care of your money (Грижи се за себе, грижи се за своите пари).
Традиционално, како и во изминатите години, се одржуваат бројни активности од сферата на финансиите со цел зголемување на финансиската писменост, финансиската инклузија и заштита на потрошувачите.
Финансиската едукација е релативно нова активност во доменот на финансискиот систем, којашто добива на значење главно во последнава деценија.
Финансиски едуцираното население подобро го разбира финансискиот систем, стекнува способност да носи издржани финансиски одлуки, подобро ги користи предностите на финансиските производи и знае да се заштитува од финансиските ризици.
Финансиската едукација води и кон забрзување на финансиската инклузија (вклученост), на населението во доменот на користење на финансиските услуги, што од своја страна го поддржува развојот на финансискиот сектор и економијата во целина.
Повеќе информации за Глобалната недела на парите
https://aso.mk/wp-content/uploads/2021/03/aso_mkd_bilten.pdf