
03 Апр Домот ми е осигуран!
На прагот е сезоната на годишните одмори, периодот во годината кога повеќето се подготвуваат за релаксација од насобраните обврски и стрес. Следува времето на планирање и организирање. За непријатните случки како што се разбојништво и провални кражби слушаме секојдневно во медиумите или во секојдневните разговори со луѓето. Нам ни е сезона на одмори, а на провалниците им е работна сезона, и најголем дел од кражбите се случуваат токму во летните месеци. Имајќи го ова во предвид, секој од нас треба да биде свесен за потребата од поседување на полиса за осигурување на домот.
Со полисата за осигурување на домот, инвестирате во вашата безбедност и сигурност. Тое е најдоброто решение за вложените средства.
Најпобаруваната форма на осигурување на домот е онаа основната, но често може да биде и комбинирана. Со оваа полиса можете да се осигурате од пожар, провала, невреме, екплозија, но може да се вклучат и други работи. Тука спаѓаат личните работи кои ги поседувате, покуќнината, декоративните предмети, рушење и настаната штета при земјотрес итн.
Осигурувањето од провална кражба и разбојништво ја покрива предизвиканата штета, односно се осигуруваат украдените, уништените или оштетените предмети при провална кражба или при обид за такво нешто.
Сакајќи да тргнеме на пат безбедни и опуштени и без мислата ,,што се случува дома’’ вистинско време е да купиме полиса за осигурување на домот и со леснотија да кажеме Домот ми е осигуран!