
28 Јан ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА СЕКОЕ ВОЗИЛО ВКЛУЧЕНО ВО СООБРАЌАЈ
Posted at 07:50h
in Новости
Согласно правилникот од страна на министерството за внатрешни работи како задолжителна опрема на возилото за безбедно учество во сообраќајот на патиштата е пропишано следното:
- резервно тркало;
- противпожарен апарат за гасење пожар;
- знак за означување запрено возило на коловоз – сигурносен триаголник;
- опрема за укажување прва помош (кутија за прва помош);
- чекан за кршење на стакло;
- резервни сијалици и осигурачи;
- јаже, сајла;
- зимска опрема;
- сигурносен-рефлектирачки елек;
- сигурносни појаси и наслони за глава;
- табла за означување на „спори возила“;
- табли за означување на „тешки возила“;
- табли за означување „долги возила“ и
- опрема на возила и возачи за превоз на опасни материи.
Возилото во сообраќајот на патиштата треба да биде технички исправно, што значи дека треба да има исправни пропишани системи, составни делови, самостојни технички единици и да ги исполнува пропишаните барања во поглед на заштита на животната средина.
Колку поголем е бројот на совесни возачи, толку побезбедни ќе бидат патиштата на Р.Македонија.
Бидете дел од нив и бидете пример за останатите!