• НАЈДОБРИ ПОНУДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
  • КОМПЛЕТНИ ОСИГУРТИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
  • ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС И БЕСПРЕКОРНА УСЛУГА НА КЛИЕНТИТЕ
  • ПОДАРОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
  • БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ
  • РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО
 

ЗАШТИТА ПРИ НЕЗГОДА

ЗАШТИТА ПРИ НЕЗГОДА

Земјотресите, поплавите, пожарите се природна и не секогаш предвидлива појава. Дали знаете да се справите со нив и да дејствувате правилно? Прочитајте како најдобро да се заштитите.

ПОПЛАВИ

Поплавите се нешто што може да се предвиди и ретко луѓето го имаат главниот збор во тоа како ќе се одвива ситуацијата.

  • Ако сте во можност морате итно да ја напуштите локацијата, планирајќи ја најбезбедната рута од вашиот дом или местото каде што се наоѓате – до најблиската безбедна локација
  • Направете листа од повеќе вредни нешта кои ги поседувате во домот, особено документи и потрудете се да ги пренесете на безбедно
  • Залихите од козервирана храна, вода за пиење, лекови и прва помош чувајте ги на безбедно и лесно пристапно место. Не заборавајте батериски лампи, сет батерии, мобилен
  • Ако се наоѓате во вашиот дом и водата почне да надоаѓа, евакуирајте се на повисоко  или во засолниште
  • Ако патувате, внимавајте на оштетени/одронети делови на патот, области каде што реки или друга вода може да надојдат и на паднати бандери. Внимавајте и на ниските области, вдлабнатини на патот или делови кои се под нивото на водата

ЗЕМЈОТРЕС

Како да постапите кога сте во затворен простор за време на земјотрес:

  • Спуштете се на под, склупчете се и заштитете ја главата
  • Засолнете се на побезбедните места од домот: носечки ѕидови, капија од вратата, а избегнувајте прозорци, стакла, полици, лустери и сл.
  • Ако лежите спуштете се покрај креветот
  • Останете во затворениот простор додека трае земјотресот, не користете лифтови и скали

Како да постапите кога сте на отворен простор за време на земјотрес:

  • Бидете подалеку од улични светла, електрични кабини, високи згради, оџаци, ќерамиди, искршени стакла
  • Доколку се наоѓате во возило во движење, доколку е можно застанете
  • Кога ќе престане потресот, возете внимателно и избегнувајте патишта, мостови и рампи кои може да бидат оштетени

ПОЖАР

  • Внимавајте кога користите извори на топлина при готвење и пеглање. Најчестите причини за пожар се поврзани со неправилна и невнимателна употреба на извори на топлина
  • Запознајте се со начините на ракување на противпожарниот апарат и секогаш нека биде поставен на лесно достапна позиција во вашиот дом
  • Доколку се случи пожар, најпрвин обидете се да го изгаснете со правилниот метод (противпожарен апарат, противпожарно ќебе, вода, земја)
  • Во случај на посериозен пожар, веднаш повикајте Противпожарна единица на бројот 193

И секако, осигурете го Вашиот дом од овие ризици купувајќи полиса за осигурување на домот.