
30 Дек ЗНАЦИ И СИГНАЛИ ОД ПОЛИЦАЕЦ НА РАСКРСНИЦА
Posted at 07:47h
in Новости
Дали е точно дека поради зададен знак од полицаец на раскрсница, не треба да ја земате во обзир сигнализацијата на семафорот? Да! Доколку забележите сообраќаец на раскрсница, треба да знаете дека со знаците, сигналите и одредбите кои ги дава, тој ја укинува сообраќајната сигнализација на семафорот. Во продолжение неколку од нив.
- Спорото движење со хоризонтално испужена рака во правец нагоре – надолу, со отворена дланка свртена надолу значи дека возачот, кон кого се насочува знакот, треба да ја намали брзината на возење.
- Повеќекратни кратки свирежи, значи дека некој од учениците во сообраќајот дејствувал спротивно од сообраќајно правило, сообраќајна сигнализација, или значењето на полицискиот знак. Полицаецот, кој го дава тој сигнал, мора притоа да покаже за кој учесник во сообраќајот е наменет и што треба да направи.
- Хоризонтално испружена десна рака со отворена дланка, значи дека, учесниците во сообраќајот коишто со своето движење ја пресекуваат насоката на движење кон која е испружена раката, треба да го запрат движењето и да причекаат. Значи, ова правило треба да го почитуваат возачите коишто се движат право, возачите коишто вртат десно, вклучувајќи ги пешаците и другите учесници во сообраќајот, кои го попречуваат коловозот.
- Вертикално подигната рака нагоре. Полицаецот соопштува дека сите возила треба да запрат. Доколку овој знак ви го покажат на раскрсница, значи забрана за возење за сите возила, со исклучок на оние возила коишто во моментот на подигнување на раката биле блиску до раскрсницата и не се во можност да запрат безбедно.