
29 Мај КАКО ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА
Има доста фактори кои влијаат на зголемувањето на ризикот од сообраќајна незгода и тоа: зголемен обем и интезитет на сообраќај, застој на патишта, замор и исцрпеност, брзо возење, неисправност на возилото… Од особена важност е и вниманието на возачот за време на возењето.
Кои се најчестите пречки кои му го одземаат вниманието на возачот и го зголемуваат ризикот од сообраќајна незгода?
Како најчеста пречка за одвлекување на вниманието на возачот се посочува мобилниот телефон, односно типкање на текстуални пораки или пребарување на телефонски број на лицето со кое сака да разговара. Еднаква опасност претставува и разговарањето со останатите патници или децата на задните седишта за време на возење.
Исто така, храната и пијалоците може да деконцентрираат за време на возењето. Опасно е да се менуваат и радио станици или да се слуша гласна музика кои можат да го одвллечат вниманието на возачот.
За подобро и безгрижно возење често се користат и навигациските уреди и апликации кои се одлични алатки, но немојте да ги подесувате додека возите. Направете го тоа пред почеток на возењето. Внимавајте и пред да го полните багaжот. За секое возило постои прирачник во кој пишува која е максималната тежина на товарот што може безбедно да се превезува. При нагло кочење дел од несоодветно поставен багаш може да излета напред и да го попречи возењето.
Овие опасности лесно можат да се избегнат и сигурно да се стигне до целта.Затоа прилагодете ја брзината, без нагли кочења, и задолжително почитувајте ги сообраќајните правила.