
31 Авг КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА ШТЕТА НА ВАШЕТО МОТОРНО ВОЗИЛО?
Во случај на штетен настан, како осигуреници имате право да барате надомест, односно оштета од осигурителната компанија.
Наша препорака е да пријавите веднаш, како би добиле соодветни насоки и упатства од осигурителната компанија, со што постапката за надомест на трошоците во голема мера би била олеснета. Задолжително забележете го регистарскиот број, типот на возило, бројот на возачка дозвола и на полисата за осигурување од автоодговорност на секој учесник во сообраќајната незгода. Доколку сте во можност фотографирајте ги возилата. Направете краток опис како се случила незгодата и обемот на оштетување на возилата. Не прифаќајте пари и не признавајте вина.
Повикајте полиција (192), а доколку има загинати или повредени лица повикајте брза помош (194). Не го напуштајте местото на настанот сè до доаѓање на полицијата.
Во случај на мала материјална штета, пополнете Европски Извештај.
За подетални информации во зависност од типот на осигурување по кое треба да пријавите штета на следниот линк може да ги погледнете сите потребни документи.