
24 Ное КОЈА Е УЛОГАТА НА ОСИГУРИТЕЛНОТО БРОКЕРСКО ДРУШТВО ПОЛИСА ПЛУС АД?
Осигурителните брокерски друштва вршат продажба на договори за неживотно и животно осигурување (полиси) преку лиценцирани осигурителни брокери.
Примарната дејност е да се штитат интересите на осигурениците со советување и појаснувања за сите околности релевантни при нивното одлучување во однос на склучување на полиса за осигурување.
Зошто да изберете брокер при осигурување?
Осигурителниот брокер поради повеќе причини е најдобар консултант при избор на осигурителните услуги. Што добивате Вие?
- Бесплатно советување и најповолен предлог покритие во осигурувањето
- Адекватна анализа на ризикот и предлог за соодветно осигурително покритие по одделни класи на осигурување и одделни друштва за осигурување
- Посредување во Ваше име при склучување на договорот за осигурување кој ќе обезбеди најсоодветно осигурително и реосигурително покритие
- Запознавање со условите и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премија, како и запознавање со обврските по таа полиса
- Укажување помош во текот на важноста на полисата
- Стручна помош, подготовка на доказна документација за основата и висината на оштетното побарување и посредување за брзо и соодветно надоместување на штети
Каде да нè најдете?
Подружница СТАКЛАРА Подружница РАДИШАНИ Подружница ДРАЧЕВО
Ул. Борис Трајковски бр. 180, Ул. Радишанска б.б., Бутел Ул. Малешевска 1 бр.2
076314309 076314302 076386385
staklara@polisaplus.com.mk radishani@polisaplus.com.mk drachevo@polisaplus.com.mk