
24 Сеп КУПУВАЊЕ АВТОМОБИЛ
Првите дилеми со кои се соочуваат купувачите на автомобили е дали да купат нов автомобил или веќе користен. Веќе користените возила имаат многу пониски цени, но има и други околности што треба да се земат во предвид при изборот. Треба да ги разгледате сите придобивки и негативни страни кога станува збор за купување на автомобил.
Најчесто купувањето на нов автомобил е лесно, со оглед на богатиот избор на модели, мотори, гранции и акциски цени. Новиот автомобил нема историја. Сопирачките и гумите се фабрички свежи, а ентериерот одличен. Исто така, технологијата на безбедност како што се автоматското сопирање, приспособлива брзина на патувањата доаѓаат како задолжителна опрема на новите возила. Новите автомобили се доста поскапи, а со тоа имаат скапи делови. Тоа ја зголемува проценката на поправката, а се поскапи и кога се осигураат.
Купувањето на половен автомобил е посложена работа, Иако купувањето на користен автомобил може да заштеди многу, овој процес е многу покомплициран и вклучува разни проверки, почнувајќи од документацијата на сопственикот до состојбата на самиот автомобил. Препорачливо е ги знаете потенцијалните проблеми за избраниот автомобил, а извор на информации можат да ви бидат познаници кои веќе поседуваат ваков автомобил, механичари, Разговарајте со продавачот на автомобилот и замолете го за детални информации околу состојбата на возилото, а направете и тест возење за да се осигурате во пренесените информации. Проверете ја сервисната книшка, стаклата, фаровите, гумите, разликата на бојата на поедини делови. Задолжително возилото гледајте го преку ден, а препорачливо е и консултација со авто-лимар кој без поголеми проблеми може да ги утврди сокриените мани, секако, доколку возилото ги има.
На крај, репер сте самите вие и вашето внатрешно чувство колку е возилото добро и секако дали вам ви одговара.
При крајната одлука верувајте си и сами на себе.