
29 Јун ОСНОВНИ ПОИМИ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО
Posted at 09:20h
in Новости
- ПОЛИСА
Документ кој договорните страни го потпишуваат при склучување на договорот за осигурување - ОСИГУРЕНИК
Лице чијашто одговорност е покриена со договорот за осигурување, а кај осигурувањето лица, лице од чијашто смрт или повреда зависи настанувањето осигурен случај - ОСИГУРУВАЧ
Правно лице, акционерско друштво, чија дејност е осигурување - НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Секој ненадеен и независен настан од волјата на осигуреникот што предизвикува последици како негова смрт, потполн или делумен инвалидитет, привремена неспособност за работа или оштетување на здравјето коешто бара лекарска помош - ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Настан од чие случување почнува остварување на ризикот кој е опфатен со осигурување. Можните осигурени случаи се дефинирани во условите за секој вид осигурување, а во секој договор за осигурување поединечно се наведени сите осигурени ризици - ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Дата со која почнува да важи договорот за осигурување. Истекот на важење на осигурувањето е дата после која осигурувачот повеќе не е во обврска - ПРЕМИЈА
Износ што договарачот на осигурување е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договор за осигурување. Често се среќава и како цена на осигурување - УСЛОВИ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Збир на клаузули со кои детално се уредуваат односите помеѓу осигурувачот и осигуреникот од договорот за осигурување. Тие се составен дел од договорот за осигурување и затоа нивното познавање е важно за разбирање на правата и обврските што произлегуваат од одреден вид осигурување - ДОГОВОРЕНА СУМА
Износ до којшто осигурувачот има обврска за обесштетување при настанување осигурен случај - ФРАНШИЗА
Учество на осигуреникот во штета. Под франшиза се подразбира износ предвиден со договорот за осигурување до кој штетата од осигурување не се надоместува и покрај тоа што таа штета е покриена со осигурувањето