
28 Јан СОВЕТИ ЗА ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМА
Posted at 07:52h
in Новости
Возењето може да биде опасно во зимски услови. За вашето возило да биде подготвено за возење во зима, извршете проверка на зимската опрема, гумите, кочниците. Препорачливо е во автомобилот да имате и стругалка за чистење на мраз од прозорите. Како незадолжителна зимска опрема која се препорачува да ја имате, особено на подолги патувања, се ракавици, течност за миење на стакло со средство против замрзнување и моторно масло.
Прочитајте ги основните превентивни мерки кои треба да ги преземете кога возите во зимски услови:
- прилагодете ја брзината на возење согласно условите на патот;
- возете рамномерно – без премногу забрзување или намалување на брзината;
- држете растојание од возилото пред вас;
- не го менувајте нагло правецот на движење;