
04 Апр Совети и грешки при купување на полиса за животно осигурување – Што задолжително треба да се знае?
Posted at 12:50h
in Новости
Осигурувањето на живот е долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност и осигурување. Полисите за животно осигурување имаат двојни поволности: Ви овозможуваат финансиска заштита Вас и на Вашето семејство, а истовремено овозможуваат долгорочно штедење на парични средства.
Совети кои ќе ви бидат од корист пред купување на полиса за животно осигурување:
- Побарајте стручна помош од професионално лице, пред случување на договор за животно осигурување.
- Изберете полиса која одговара на вашите можности и потреби на подолг временски период.
- Обезбедете доволно време за детално да ги прочитате и разберете условите за осигурување и задолжително прашајте сѐ што не разбирате или не ви е јасно.
- Одговорете вистинито на прашањата околу здравствената состојба, кој се составен дел од полисата за животно осигурување
- Информирајте се за условите за откуп и износите на откупна вредност на полисата.
- Информирајте се за ризиците кои се исклучени од договорот за осигурување
Грешки кои може да ги направите при купување на полиса за животно осигурување:
- Прифаќање на полиса од првата осигурителна компанија – Пред скучување на договорот за животно осигурување најдобро е да разговарате со повеќе агенти од различни осигурителни компании. Бидете водени од тоа вие и вашето семејство да ги добиете поволностите кои ви одговараат, а тоа ќе го постигнете само со одбирање на правата осигурителна компанија. Одвојте дел од вашето време да ги дознаете можните опции, како би ја одбрале вистинската полиса која најмногу ќе ви одговара.
- Донесување одлука без претходно консултирање – Доколку се одлучите за помош од страна на еден агент кој е мотивиран да продава само еден вид на полиси од конкретна осигурителна компанија, ризикувате да добиете понуда која не е најдобра за вас. Треба да знаете дека полисите се разликуваат од една до друга осигурителна компанија и тоа не само по цена, туку и во однос на тоа што и како тие ве покриваат. Бидете сигурни дека ги разбирате сите услови, цената, придобивките и она што може да го изгубите доколку не се оствари планот за плаќање. Со соодветна консултација, можете да направите доста подобра одлука.
- Погрешни информации за сопственоста – Најголемата грешка кога луѓето купуваат животно осигурување е тоа што тие правилно не наведуваат сопственост и не го уредуваат својот статус во полисата. Најпрвин осигурајте се дека сите информации од полисата се точни и редовно ажурирајте ги. Треба се внимава на деталите, посебно кога се случува развод или смрт на брачниот партнер задолжително да се сменат корисниците на полисата.
- Осигурајте се дека вашиот брачен партнер, вашите деца и најблиски се покриени во случај да ви се случи нешто – Не чекајте предолго пред да купите полиса за животно осигурување. Животното осигурување го плаќате во зависност од вашата возраст и здравје. Колку повеќе чекате, толку повеќе ќе платите.