• НАЈДОБРИ ПОНУДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
  • КОМПЛЕТНИ ОСИГУРТИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
  • ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС И БЕСПРЕКОРНА УСЛУГА НА КЛИЕНТИТЕ
  • ПОДАРОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
  • БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ
  • РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО
 

Советуваме – Што во случај на штета на Вашиот автомобил, кога Вие не сте виновни?

Советуваме – Што во случај на штета на Вашиот автомобил, кога Вие не сте виновни?

Што во случај на сообраќајна несреќа за која вие не сте виновни, но сепак имате штета на вашиот автомобил?

Во случај на штета на вашето возило, предизвикана од страна на друго возило, барањето за надомест на штета треба да го поднесете во осигурителната компанија во која е осигурено лицето кое ја предизвикало штетата. Но, доколку на вашето возило е причинета штета од страна на неосигурено возило, тогаш барањето за надомест го поднесувате во осигурителната компанија во која сте вие осигурени.

Кога штетата е предизвикана од непознато возило, не може да се бара надомест за материјална штета. Поднесок за надомест можете да побарате само во случај на нематеријална штета, што подразбира телесна повреда, нарушување на здравјето или смрт. Во тој случај барањето се поднесува во Националното биро за осигурување.

Доколку штетата на вашето возило е причинета од страна на странско возило, барањето за штета се поднесува до Националното биро за осигурување, или до осигурителната компанија во нашата држава, која има склучено коресподентски договор со одговорното странско осигурително друштво. Таква информација може да побарате во Националното биро за осигурување.

Во секој случај, советуваме да возите внимателно и да ги почитувате сообраќајните правила, како би го намалиле ризкот од сообраќајна незгода.