• НАЈДОБРИ ПОНУДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
  • КОМПЛЕТНИ ОСИГУРТИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
  • ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС И БЕСПРЕКОРНА УСЛУГА НА КЛИЕНТИТЕ
  • ПОДАРОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
  • БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ
  • РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО
 

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ОСИГУРУВАЊЕТО ОД АВТООДГОВОРНОСТ ДОКОЛКУ ГО ПОЗАЈМИТЕ НЕКОМУ ВАШЕТО ВОЗИЛО?

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ОСИГУРУВАЊЕТО ОД АВТООДГОВОРНОСТ ДОКОЛКУ ГО ПОЗАЈМИТЕ НЕКОМУ ВАШЕТО ВОЗИЛО?

Често се случува да го позајмите вашиот автомобил на некој пријател. Доколку се случи сообраќајна несреќа, важно е вие и вашиот пријател да бидете информирани кои се последиците и каква е ситуацијата со автомобилското осигурување.

Осигурувањето од АО е поврзано со возилото, а не со сопственикот. Тоа покрива материјална штета која возачот ја предизвикува во сообраќајна незгода и нематеријална штета (телесни повреди, смрт) која што во сообраќајната незгода ја претрпела трета личност.

Во случај кога полиција го застанува возилото за некој прекршок, лицето кое е на возачкото седиште е секогаш одговорно. Тој ја плаќа казната, без разлика на сопственоста на возилото. Но, во случај кога возилото не било запрено од страна на полицијата, туку го има на радар, а вашиот пријател не го признава делото, казната ќе биде изречена на сопственикот. 

Доколку се случи сообраќајна незгода, се разбира дека за прекршокот е виновен возачот, но ако не е возможно да се утврди кој е сторителот на незгодата и кој бил возачот во моментот на незгодата, казната ќе биде изречена на сопственикот на возилото.

Важно е да се осигурате себе си и возилото од потенцијални проблеми и во случај кога го позајмувате возилото на пријател, а тој треба да премине државна граница. Возачот мора да поседува сообраќајна дозвола, возачка довола, меѓународна возачка дозвола, пасош, зелена карта и задолжително полномошно за управување со туѓо моторно возило.