Граничното Осигурување е задолжително за сите моторни возила со странски регистарски таблици кои не поседуваат задолжително осигурување од автоодговорност кое е важечко за сообраќај во Република Македонија. Овој вид осигурување претставува заштита на странските возила при транзит во нашата држава, односно важи само во рамки на границите на Р. Македонија.