• НАЈДОБРИ ПОНУДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
  • КОМПЛЕТНИ ОСИГУРТИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
  • ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС И БЕСПРЕКОРНА УСЛУГА НА КЛИЕНТИТЕ
  • ПОДАРОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
  • БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ
  • РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО
 
За друштвото

Осигурително брокерско друштво Полиса Плус АД Скопје е основано на 22.06.2011 година со добивање на Решение бр.09-530/2 од Агенција за супервизија на осигурување.

Полиса Плус соработува со сите друштва за осигурување и врши продажба на договори за неживотно и животно осигурување, пропишани со Закон за супервизија на осигурување.

Корпоративно управување

Управувањето на Друштвото се врши преку Одбор на директори составен од три члена, од кои еден извршен, еден неизвршен и еден неизвршен независен член.

Работењето се извршува преку флексибилна динамична организациска структура. Контролата и експертската поддршка се врши од страна на Одборот на директори. Извршен директор на друштвото е Даниела Илиоска, која е овластено лице за застапување и претставување на друштвото.

Мисија

Нашата мисија е градење на доверба, сигурност и посветеност кон клиентите, нудејќи им највисок стандард на осигурителни услуги.

Визија

Да станеме лидер во осигурителното посредување, професионално ориентирана компанија со добар менаџмент и соодветно обучен кадар, секогаш во служба на клиентот.

ПРОДАЖНА МРЕЖА НА ОБД ПОЛИСА ПЛУС АД Адреса Телефон Е-пошта
Подружница РАДИШАНИ Ул. Радишанска б.б., Бутел, Скопје 076 314 302 radishani@polisaplus.com.mk
Подружница СТАКЛАРА Ул. Борис Трајковски бр. 180, Кисела Вода, Скопје 076 314 309 staklara@polisaplus.com.mk
Подружница ДРАЧЕВО Ул. Малешевска 1 бр.2, Кисела Вода, Скопје 076 386 385 drachevo@polisaplus.com.mk
Подружница КИЧЕВО Ул. Магистрален пат бр. 16, Кичево 075 296 376 jasmina@polisaplus.com.mk
Подружница КОЧАНИ Ул. Тодосие Паунов бр. 111, Кочани 070 320 040 atanas@polisaplus.com.mk

РЕГИСТАР НА ОСИГУРИТЕЛНИ БРОКЕРИ
Преземете документ

 

РЕДЕН БРОЈ ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ТЕЛЕФОН ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА
1 Даниела Илиоска 076 314 324 daniela@polisaplus.com.mk 
2 Катарина Бошковска 071 297 449 katarina@polisaplus.com.mk
3 Јасмина Петреска 078 254 614 jasmina@polisaplus.com.mk
4 Наташа Латиновска Гошева 070 750 228 natasa.latinovskagoseva@yahoo.com
5 Гоце Михајлоски 070 529 260 mihajloski.goce@gmail.com
6 Љубе Гошев 070 262 420 ljubegosev@hotmail.com
7 Атанас Атанасов 070 320 040 a.atanasov@polisaplus.com.mk
8 Александра Тасковска 078 313 234 aleksandrataskovska@yahoo.com
9 Дијана Штерјоски 078 457 529 dijana@polisaplus.com.mk
10 Маја Шишковска 072 590 449 majarajcina@gmail.com
11 Марија Томеска 078 457 526 marija@polisaplus.com.mk
12 Ирина Тошевска 078 359 542 irina_t92@hotmail.com
13 Весна Крстески 072 259 523 vesnicka1982@yahoo.com

Доколку сакате да станете дел од тимот на ОБД Полиса Плус АД, пратете кратка биографија на info@polisaplus.com.mk.

Политика за приватност и заштита на личните податоци

 

Грижата за клиентите и нивната приватност претставува приоритет во Осигурително брокерско друштво Полиса Плус АД Скопје.

Оваа политика ги објаснува видовите информации кои може да ги обработиме, собереме и задржиме при посета  на нашите подружници и веб-страницата  на  друштвото www.polisaplus.com.mk, како  и  на  кој  начин  се  користат  тие информации и со кого се споделуваат податоците.

Оваа Политика е во согласност со прописите за заштита на личните податоци на друштвото.

 

Кои документи ги бараат вработените во друштвото при користење на услугите:

  • Лична карта или пасош;
  • Тековна состојба за правни лица;
  • Сообраќајна дозвола;
  • Договор за купо-продажба на возило;
  • Имотен лист;
  • Слики од возило/стан/деловен објект;
  • Прашалници за животно и здравствено осигурување;

Како друштвото ги користи бараните податоци:

 

Друштвото ги користи податоците за:

  • Да Ви ја обезбеди бараната услуга или производ;
  • Да обезбеди грижа за клиентите;
  • Да ги олесни и проследи Вашите барања за информации кога ни се јавувате во

врска со друштвото и нашите услуги;

  •  Да рекламираме и да ви продаваме, што вклучува испраќање промотивни

комуникации, насочено рекламирање и презентирање соодветни понуди за

вас;

  • Помош при користењето на услугите;
  • Да се  подобрат  постоечките  и  создадат  нови  производи  и  услуги, препораки, реклами и други комуникации;

Нашата обработка на лични податоци за овие цели вклучува и автоматизирани и рачни (човечки) методи на обработка.

 

Што правиме ние за да ги заштитиме вашите информации

 

Друштвото  ги  презема сите  пропишани  технички  и  организациони  мерки  за  заштита  на личните податоци, за спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

 

Рекламни комуникации

 

При склучување деловен однос со друштвото за користење на услугите, Ви се нуди можност да изберете дали сакате да добивате разни известувања и други комуникации  преку пошта,  e-mail  пораки,  телефон  и/или  текстуални  пораки (SMS)  од друштвото.  Овие  комуникации  може  да  содржат, на пример, податоци  за  најновите услуги од друштвото.

Добивањето на рекламен материјал и известувања од друштвото може да ги откажете во секое време, со поднесување на барање до друштвото.

Ве молиме имајте предвид дека повремено може да ви испраќаме важни информации во врска со услугите на друштвото кои ги користите или сте ги користеле. Овие известувања не спаѓаат во рекламни комуникации.

 

Пристап до вашите информации и вашите права

 

Ако сакате да дознаете кои категории на Ваши лични податоци ги обработува друштвото, за која цел или да побарате запирање или сопирање на обработката, Ве молиме обратете се на шалтерите на друштвото.

Доколку сакате да направите измена, дополна, бришење или ажурирање на сите неточни лични податоци, исто така може да се обратите на шалтерите на друштвото или тоа да го направите преку e-mail: info@polisaplus.com.mk.

Ако сметате дека при обработката не сме постапиле во согласност со Вашите законски права или применетите закони за приватност, може да се обратите до Офицерот за заштита на личните податоци во друштвото.

 

 

Информации кои ги собира друштвото при посета на веб-страницата:

 

Информации  со кои Вие при  користење  на  услугите на друштвото, односно податоци кои Вие самите ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме, на пример, при користење на секцијата -Нарачај полиса.

 

„Cookies“ и „web bugs“

 

Користењето на овие технологии се прави исклучиво со цел да се подобри корисничкото искуство и функционалноста на порталот на друштвото. Колачиња се мали текстуални датотеки поставени на вашиот уред да складираат податоци што веб-серверот може да ги отповика од доменот што го поставил колачето. Користиме колачиња и слични технологии за складирање и почитување на вашите претпочитани вредности и параметри, овозможување да се пријавите, обезбедување рекламирање засновано на интересот, борба против измама, анализирање на начинот на кој се изведуваат нашите производи и исполнување на другите легитимни цели.

 

Личните податоци во секторот за осигурување се собираат и обработуваат согласно Законот за супервизија на осигурување и Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, а нивната заштита дополнително се обезбедува со примената на начелата од Законот за заштита на личните податоци кој ги поставува општите стандарди за заштита на личните податоци за сите области.

Податоците се доставуваат и до осигурителните компании со кои соработуваме и со кои се склучени осигурителните полиси.

 

Барање за бришење на лични податоци

Барање за ограничување на обработката

Барање за повлекување на согласност

Барање за исправка и дополнување

Изјава за согласност за користење на лични податоци

Овластување

 

Доколку имате прашања Ве молиме контактирајте нè:

Ул. Борис Трајковски бр. 180, Кисела Вода, Скопје

Тел: 076/314-302; 076/386-385

Е-пошта: info@polisaplus.com.mk