• НАЈДОБРИ ПОНУДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
  • КОМПЛЕТНИ ОСИГУРТИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
  • ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС И БЕСПРЕКОРНА УСЛУГА НА КЛИЕНТИТЕ
  • ПОДАРОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
  • БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ
  • РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО
 

Осигурително брокерско друштво Полиса Плус АД Скопје врши продажба на договори за неживотно и животно осигурување (полиси) преку лиценцирани осигурителни брокери.

Примарна дејност ни е да ги штитиме интересите на осигурениците со советување и појаснувања за сите околности релевантни за нивното одлучување во однос на склучување на полиса за осигурување.

Со користење на нашите услуги ќе добиете:

  • Адекватна анализа на ризикот и предлог за соодветно осигурително покритие по одделни класи на осигурување и одделни друштва за осигурување;
  • Бесплатно советување и најсоодветно и најповолно предлог покритие во осигурувањето;
  • Посредување во име на осигуреникот за склучување на договорот за осигурување кој ќе обезбеди најсоодветно осигурително и реосигурително покритие;
  • Запознавање на осигуреникот со условите и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премија, како и запознавање на осигуреникот со неговите обврски по таа полиса;
  • Укажување помош на осигуреникот во текот на важењето на полисата;
  • При настанување на осигуран случај (штета) нудиме стручна помош, подготовка на доказна документација за основата и висината на оштетното побарување и посредуваме за брзо и соодветно надоместување на штети.

Со пополнување на Овластување го овластувате Осигурително брокерско друштвото Полиса Плус АД да посредува и да Ве застапува при избор на квалитет и модалитети на осигурување, како и да посредува при штети пред осигурителните компании.