• НАЈДОБРИ ПОНУДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
  • КОМПЛЕТНИ ОСИГУРТИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
  • ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС И БЕСПРЕКОРНА УСЛУГА НА КЛИЕНТИТЕ
  • ПОДАРОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
  • БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ
  • РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО
 

Домашен и меѓународен транспорт

Осигурување на стока при транспорт (карго) / Домашен – Меѓународен

Под осигурување на стоки (карго) се подразбира осигурување за сите клиенти кои се занимаваат со увоз или извоз на стоки, покритие на пратките кои патуваат на ризик на осигуреникот, од местото на на товар до местото на истовар.

Оваа полиса обезбедува покритие за пратките без оглед на видот на стоката, на превозното средство и на релацијата. Во согласност од потребите, може да одберете покритие за копнен, авионски, речен, поморски или за комбиниран транспорт.

Во домашниот и во меѓународниот транспорт, пратките, односно стоките при транспорт, се изложени на големи ризици од делумни и од целосни штети.

Штетите на стоката можат да настанат при:

  • сообраќајна незгода на превозното средство
  • пожар или експлозија од вонредни надворешни причини
  • елементарна непогода
  • кражба
  • оштетување на осигурените пратки за време на транспорт (вклучувајќи и натовар и претовар)
  • оштетување на амбалажата и др.

Осигуреникот може да избира помеѓу два типа на осигурително траење – еднократно или осигурување на подолг рок. Така, со поединечната полиса се осигурува еднократно вршење на транспорт, додека пак со договорот со отворено покритие превозникот може да го осигура вршењето на меѓународен транспорт на подолг период со кој ќе бидат опфатени сите спроведени пратки.