• НАЈДОБРИ ПОНУДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
  • КОМПЛЕТНИ ОСИГУРТИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
  • ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС И БЕСПРЕКОРНА УСЛУГА НА КЛИЕНТИТЕ
  • ПОДАРОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
  • БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ
  • РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО
 

ЗАШТИТА ОД ЕПИДЕМИЈАТА СО КОВИД 19

ЗАШТИТА ОД ЕПИДЕМИЈАТА СО КОВИД 19

Најдобра заштита од заболување со Ковид -19 е следење на препораките за превенција од Министерството за здравство и редовно информирање за најновите вести во однос на епидемијата. Прочитајте кои мерки се најважни во текот на епидемијата.

Мијте ги рацете често, често користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња. Бидете на безбедно растојание од другите. Чистете ги површините коишто најчесто ги користите. При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба, а доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот. Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.

Останете дома, освен во случај на итност. Поради недостаток на физички контакт со пријателите или роднините, менталниот притисок е поголем од вообичаено. Комуникацијата, по пат на видео повици е најдобра, бидејќи предизвикува чувство на блискост, која е клучна за чувство на сигурност, припадност во окружувањето и удобност. Особено е важно да им се овозможи на децата и постарите лица да остваруваат такви контакти со другите.

Разговарајте со децата за новонастанатата ситуација. Децата веднаш чувствуваат дека нешто не е во ред, или нешто не е нормално. Затоа, од голема корист е да се разговара искрено со нив. Објаснете им што значи болест, изолација, епидемија.

Обидете се да најдете активност којашто ќе ја разбие монотонијата на денот. Грижата за иднината е сосема нормална работа, но само доколку не ги обремени вашите мисли. Одредено внимание е потребно, за ментално да се подготвите за потенцијалните последици од променетиот живот.

Во секој случај, дозволете си малку забава секој ден со некоја убава активност.