• РЕГИСТАР НА ОСИГУРИТЕЛНИ БРОКЕРИ
  • НАЈДОБРИ ПОНУДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
  • КОМПЛЕТНИ ОСИГУРТИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
  • ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС И БЕСПРЕКОРНА УСЛУГА НА КЛИЕНТИТЕ
  • ПОДАРОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
  • БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ
  • РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО
 

ОБД Полиса Плус дел од „Глобална недела на пари 2025“

ОБД Полиса Плус дел од „Глобална недела на пари 2025“

По повод Кампањата за финансиска едукација – Глобална недела на пари 2025 година и по иницијатива на Агенција за супервизија на осигурување, ОБД Полиса Плус зеде учество со активности за подигнување на свеста на јавноста за важноста на осигурувањето и неговата улога во справувањето со ризиците во секојдневието.

Под мотото ,,Размисли пред да ‘заследиш’, за безбедност на твоите пари во иднина” друштвото на 15.04.2025 година одржа едукативно предавање на ученици во средното училиште ,,Браќа Миладиновци”- Скопје и сподели материјали со фокус на информирање, давање совети и корисни информации од областа на осигурувањето. Посебно се даде акцент на земјоделското осигурување, како нивен домен на интерес, тема која може да им помогне на младите луѓе да разберат како функционира заштитата во земјоделството и потенцијално да ги поттикне да се занимаваат со оваа дејност во иднина со поголема сигурност.