22 Мар Global Money Week 2024
Posted at 16:22h
in Новости
По повод Кампањата за финансиска едукација – Глобална недела на пари, 2024 година, ОБД ПОЛИСА ПЛУС зеде учество со активности за подигнување на свеста на јавноста за важноста на осигурувањето и неговата улога во справувањето со ризиците во секојдневието.
По иницијатива на Агенцијата за супервизија на осигурување и под мотото ,,Заштитете ги вашите пари, обезбедете ја вашата иднина” ОБД Полиса Плус одржа едукативни предавања на ученици во средното училиште ,,Браќа Миладиновци”- Скопје и сподели материјали со фокус на информирање, давање совети и корисни информации од областа на осигурувањето.
#GlobalMoneyWeek2024





