• НАЈДОБРИ ПОНУДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
  • КОМПЛЕТНИ ОСИГУРТИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
  • ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС И БЕСПРЕКОРНА УСЛУГА НА КЛИЕНТИТЕ
  • ПОДАРОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
  • БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ
  • РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО
 

ОСНОВНИ ПОИМИ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО

ОСНОВНИ ПОИМИ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО

  • ПОЛИСА
    Документ кој договорните страни го потпишуваат при склучување на договорот за осигурување
  • ОСИГУРЕНИК
    Лице чијашто одговорност е покриена со договорот за осигурување, а кај осигурувањето лица, лице од чијашто смрт или повреда зависи настанувањето осигурен случај
  • ОСИГУРУВАЧ
    Правно лице, акционерско друштво, чија дејност е осигурување
  • НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
    Секој ненадеен и независен настан од волјата на осигуреникот што предизвикува последици како негова смрт, потполн или делумен инвалидитет, привремена неспособност за работа или оштетување на здравјето коешто бара лекарска помош
  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
    Настан од чие случување почнува остварување на ризикот кој е опфатен со осигурување. Можните осигурени случаи се дефинирани во условите за секој вид осигурување, а во секој договор за осигурување поединечно се наведени сите осигурени ризици
  • ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
    Дата со која почнува да важи договорот за осигурување. Истекот на важење на осигурувањето е дата после која осигурувачот повеќе не е во обврска
  • ПРЕМИЈА
    Износ што договарачот на осигурување е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договор за осигурување. Често се среќава и како цена на осигурување
  • УСЛОВИ НА ОСИГУРУВАЊЕ
    Збир на клаузули со кои детално се уредуваат односите помеѓу осигурувачот и осигуреникот од договорот за осигурување. Тие се составен дел од договорот за осигурување и затоа нивното познавање е важно за разбирање на правата и обврските што произлегуваат од одреден вид осигурување
  • ДОГОВОРЕНА СУМА
    Износ до којшто осигурувачот има обврска за обесштетување при настанување осигурен случај
  • ФРАНШИЗА
    Учество на осигуреникот во штета. Под франшиза се подразбира износ предвиден со договорот за осигурување до кој штетата од осигурување не се надоместува и покрај тоа што таа штета е покриена со осигурувањето