• НАЈДОБРИ ПОНУДИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
  • КОМПЛЕТНИ ОСИГУРТИТЕЛНИ РЕШЕНИЈА СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ
  • ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС И БЕСПРЕКОРНА УСЛУГА НА КЛИЕНТИТЕ
  • ПОДАРОЦИ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
  • БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И СОВЕТУВАЊЕ
  • РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО
 

ПОДГОТОВКА ПРЕД ПАТУВАЊЕ СО ВАШИОТ АВТОМОБИЛ

ПОДГОТОВКА ПРЕД ПАТУВАЊЕ СО ВАШИОТ АВТОМОБИЛ

Кога тргнувате на пат со вашиот автомобил надвор од границите на нашата држава, најдобро е да направите превентивна техничка проверка на возилото во станица за технички преглед. Ваквата проверка не одзема многу време, но е неизбежна за безбедно патување.

Најважни работи кои треба да ги проверите се:

  • Притисокот на гумите
  • Маслото, течноста за кочниците и течноста за ладилникот
  • Светлосната сигнализација – фаровите, стоп-светлата, трепкачите

Секако, треба да направите преглед на документите кои се потребни за патување, како на пример:

  • Пасош – Проверете го рокот на важноста на пасошот. Исто така, направете копија од личните документи. Доколку дојде до нивно губење или кражба, копијата ќе ви овозможи полесна идентификација
  • Зелена карта – На граничните премини ќе ви биде побарана и зелена карта за осигурување на возилото. Таа служи за ваша заштита во случај на сообраќајна незгода во странство, доколку Вие сте причинителот
  • Eвропски извештај за сообраќајна несреќа – oсигурителните компании во Европа го издаваат овој документ заедно со договорот за осигурување од автоодговорност
  • Здравствено-патничко осигурување – Во случај на повреда, или ненајдена болест, за која што е итно потребна медицинска помош, транспорт до болница, или домашно лекување, здравственото-патничко осигурување може да покрие значителен дел од трошоците
  • Автомобилска асистенција – Со автомобилска асистенција ќе бидете поспокојни додека патувате, затоа што доколку дојде до проблем со вашето возило, со само еден телефонски повик може да обезбедите: заменско возило, организирање на пренос на поправено возило, извлекување на возилото, достава на гориво итн.

Припремете се за безгрижно патување и Ви посакуваме среќен пат и пријатен одмор!